Saturday, March 20, 2010

Времето... или the City of Rain...



Ќе го почнам постов со локален виц за времето...'a tourist asking a local boy if it ever stops raining. "I don't know, replies the boy, I'm only twelve."'
Ако мисли Лондон дека „дождот во Лондон е нешто wow“ се зезна.... мислам дека е веќе недела дена како врни.... БЕЗ ПРЕСТАН...и искачаш надвор, мислиш дека не врни, кога воздухот самиот е составен од капки дожд...невидливи!!!! Ете и наслов на локален весник: 80 days of rain in Bergen, The west coast city of Bergen passed the dubious milestone on Tuesday of charting 80 straight days with rain... yupiiii Штета што не успеав да сликам водопади како се слеваат по околните планини, кои му поминуваат покрај нечија куќа како река (hallooo, како живеат луѓево?!?!?!)
Значи денес излегов како последна лудача со моите нови wayfarer- ки од мака, ама пошто ги врнеше дожд, не можев да гледам и останаа да ми бидат закачени како моден детал :((((( ...
Да не праиме муабет, дека единствена обувка што ти треба во Берген се гумени чизми.. кои се во вредност на брендирани кожни чизми некаде на друго место во светот.. и сите мои нови патики, 2 пара чизми, неколку рала чевли се тотално неупотребливи....
Оваа „состојба“ ми влијае и на диетата: чоколадо во обилни количини!!!! се разбира има лудница млечни чокалада, веројатно од лудило крави кои пасат лудило трева која расте од лудило дожд!!!!!
толку за временските прогнози ЗАСЕГА...можда ќе додадам уште некоја жалба...

Sunday, March 7, 2010

Храната...





Мхмхмхмхмх...
Од моето екстра скромно познавање на морската храна (да се ограничам на риба), немам повкусна и попресна и деликатесна риба јадено во животот од Норвешката.... и тоа домашно зготвена...
Веќе напраивме муабет за маринираниот кит и димениот лосос (со лудило зачини) од рибниот пазар! Unspeakably delicious!!!!! димениот лосос го јадев во сендвич за ручек.... не не не, не се опишува вкусот...
Инспирацијата за постов е лосос на италијански начин... значи го купив свеж (во супермаркет), измариниран во лук и зачини и маслиново масло.... и само го испржив неколку минути директно на тавче.... и само салата за додаток за ништо да не го уништи вкусот.... стварно мислам.... немам зборови...
Дури и crab sticks кои ги продаваат во „езерце“ (така го викаат „солилото“) какви се... само во сендвич со соодветен мајонез (имаат лудница мајонези со маслиново и некои семки искршени внатре и зачини пошто многу користат со рибава) и салата (посебно добро оди рукола заради јакиот вкус) немам зборови....
И најголемите непријатели на рибата (како Билето) ќе полудат мислам...
И стварно немам купено, ниту имам потреба да купам црвено месо :) нема смисла покрај оваа боговска храна....

Friday, March 5, 2010

Здрав живот....




Дали да го почнам муабетот за вежбање и диети .... дали да не? секако една од горливите теми... ама, ете да споделам колку уживам во пилатес и не помалку и во теретана...
Секако, како и со се, се нафурав на идејата за вежбање и „пуна ратна опрема“: хеланка, патичињата нови (сосема несоодветни за вежбање, ама не е тоа поентата), маичката со мртвечки глава (за финта), косата настрана фатена и секако шминката тука (не сум салам, знам!ама премногу огледела за не си изгледам барем малку као што треба) ...
Веќе спомнав некаде за „дечкото“ пред мене на Орбитрек, нели? значи идеално женско тело... газот прецврст... абе немам зборови... подесен Орбитрекот на некоја јачина и брзина на светлината... до мене еден дечко трча маратон на траката во спринт... и сега јас... прво, како се програмира проклетата машина... ја ставив на кардио (ми бара електроди за ЕКГ да поставам)... ја поставив на мануелно (на рамно/ на нагиб?!) брзина, време.... конфузија... нејсе, тргнав... секако преамбициозно... и се подгледнувам во тугите траки... резил... добро е, дечкото (со маратонот) се тргна и се насадија 1 Индијки , 2-3 Норвежанки (крупни ко мене)сироти трчаат ко луди ,.... едната другарка на „дечкото“ трча исфрустрирано .... јас сум над ситуацијата, само брзо одење...демек не сум тука за слабеење само за фитнес ;)))))и ... никако потење...ради шминката....И така едно пола саат отепав на брзото одење... „Децата“ околу дигаат тежини, напраени Викинзи во правата смисла на зборот ... ништо за инспирација :(
На пилатес, друга мака... сите прибираат со нив постилка, едни ко тули и ластици... ох мајкоооо, што ќе се случува тука ?! нејсе, се охрабрив, нема ништо специјално ново... само една мана, единствена што прави паузи и не ги довршува сите вежби :(((( very sad face...
И така веќе скоро цела недела :))))) Good for me!...

Thursday, March 4, 2010

May Fashion Story:'90s Fashion

http://whowhatwear.com/website/admin/uploads/May-90210-Homepage.jpg

Posted using ShareThis

Currently Channeling:Beverly Hills 90210

http://whowhatwear.com/website/admin/uploads/BH_90210.jpg

Posted using ShareThis

Beverly Hills 90210



Дека сме тотално ИН со блогов, докажува и линкот до style article кој ја елаборира истата тема: http://www.whowhatwear.com/website/full-article/currently-channeling-beverly-hills-90210/

Со цел да ја елаборираме темата за модата во 90тите секако не смееме да ги пропуштиме Beverly Hills 90210 култната серија на нашето детство и рана младост .... (благодарение на предлогот на Билето) и загарантираниот исход на дискусијата за оваа тема (доста личности од нашето друштво имаат што да кажат и покажат на оваа тема).... ех да ги имав сликите од собата на Ема пред да и ги искинам сите постери залапени во „децката“!!!!
So, hit it!!!! Ask yourself what would Brenda, Kelly, Donna, and Andrea wear?

Wednesday, March 3, 2010

Блогот на Тави



http://tavi-thenewgirlintown.blogspot.com/

Не можев да му направам follow , има максимален број на followers, ама ете линк па нека стои тука постиран за секој случај... што ме фатила манијава за модата и модниот бизнис сега баш, е стварно не ми е јасно....
само да спомнам дека си ги „зедов“ патиките (црните, исти како што и ги предадов на билето од H&M), уште едни geeky наочари ама за сонце, ептен Harry Potter :)))) е ептен ми е јако, дека наочарите се пример 2 салатки хахаххаха, патиките се многу просечен шопинг во супермаркет (со храна за 1 ден), shopping bag sonia rykiel за lunch пакетот за на факс да си го носам (ептен има сладок фустан од SR за H&M и џемперче, ама за некоја Size Zero .... е морам да му симнам капа на H&M... На сликата се моите нови фармерки :) и јас вака изгледа ако сте ме заборавиле ;)

Tuesday, March 2, 2010

H&M Shoppiing

Поштен шопинг денес :) се разбира H&M, иако од изборот само Monki и едно Moods of Norway можеа да влезат во конкуренција... ама Monki не ги надмина доцните 80-ти, а Moods of Norway треба да се оставам таму на излогот да нудам „услуги“ за да се исплатам... пак, каква чанта.....мхмхмхммхм ... така што изборот падна на H&M: totally 90-ти фармерки (сличат на Levi's 501) подвиткани огромни истурени (од линијата Boyfriend, као му ги зеде на дечкото) и со потенцијал да бидат искинати, излитени, исштеповани... мислам дека не мора премногу да ве потсеќам... и секако highlight-от на 90-тите - црната дуксерка :))))) се мислев измеѓу фармерска кошула и дукс....ама дукс (како за прво време) дури е ладно :) Поздрав на Ема од дуксерката, ја добиваш од H&M, за да не речеш те копирам иако се сврти модата 10 х од кога последно беше IN дуксерка!!!
Рака на срце, на почетокот ги мразев 90-тите, ама сега ми стана јако... ги купувам омилените парчиња од детството или младоста?! е сега уште една дилема: All Star - старки (стартки:) или црни мизерни како за на физичко .... слична цена ?!?!?!? Уште тука не сум одлучена...ако имате идеја, помагајте.... морам да истакнам дека карираната кошула од Индија, идеално легна на трендов ;)
(значи знам дека ќе ме карате за трошењето, ама секако се прибирам во МКД за брзо, па спокојно нема ништо да купувам, и трошам all the time...), so, cut me some slack on this one, OK?
Едно ме плаши, да не западнам во погубната комбинација (ала Курт Кобејн и grundge), а ми мириса натаму... уште Visage mi фали.... а можда ќе си земам и pager, место мобилен (да бидам во тренодот, шегата copyright 30Rock)
Поздрав...
пишете за вашиот последен шопинг за забава....

Monday, March 1, 2010

Rob P's steamy photoshoot....

Берген

Bergen... lovely lovely city....

Pilates

... на час, во училницата со компјутери... да истакнам, многу досаден час, секако немам симпатии (да не речам една од пресудните работи за забава) .... се занимавам со моите активности во Берген...за да не полудам додека мислам како ќе ја изведам студијата во МКД :) .....иииииии си најдов часови по пилатес.... кои секако ќе ме чинат едно 100 еура :) ама ќе пробам да издејствувам полусеместрална членарина :)
поздрав од час :))))))

Reality bites

Самошто се освестувам дека се нафатив да правам студија во Македонија за магистерската... секако колегата од Нигерија ме освести...како и за се, (се разбира мажите се попрактични...) за сите можни зезанции кои тој би ги имал ако прави студија во Нигерија... и секако истите се однесуваат и на Македонија :( Тажно, но вистинито. Етички комитети кои заседаваат еднаш на 3 месеци, на пример.... среќа што јас ќе ја започнам и без етичка дозвола ;) како и секоја студија во МКД... директорите да не ти дозволат да ја работиш студијата во нивната болница (од сите оправдани и неоправдани причини) .... луѓето не ти прифаќаат да учествуваат во студијата....
Нејсе, сега ако се фатам на орото, тоа е... па, после би била среќна да прочитам постов и да се побијам себеси... и колегата од Нигерија, што е послатко.... Најдобро сценарио цело лето ќе го поминам на пат низ МКД по фамилии на пациенти кои умреле скоро (многу „весело“) или по болниците (уште „повесело“), дома ќе препишувам што сум слушнала, ќе се жалам.... најлошо сценарио: на пола пат ќе се откажам и ќе направам некој ревијален текст....
сепак, мислам оптимистот во мене, ќе надвладее, епа сега можда на дијазепами ќе бидам летово или ќе се распијам, ама студија во МКД ќе биде :)