

Дали да го почнам муабетот за вежбање и диети .... дали да не? секако една од горливите теми... ама, ете да споделам колку уживам во пилатес и не помалку и во теретана...
Секако, како и со се, се нафурав на идејата за вежбање и „пуна ратна опрема“: хеланка, патичињата нови (сосема несоодветни за вежбање, ама не е тоа поентата), маичката со мртвечки глава (за финта), косата настрана фатена и секако шминката тука (не сум салам, знам!ама премногу огледела за не си изгледам барем малку као што треба) ...
Веќе спомнав некаде за „дечкото“ пред мене на Орбитрек, нели? значи идеално женско тело... газот прецврст... абе немам зборови... подесен Орбитрекот на некоја јачина и брзина на светлината... до мене еден дечко трча маратон на траката во спринт... и сега јас... прво, како се програмира проклетата машина... ја ставив на кардио (ми бара електроди за ЕКГ да поставам)... ја поставив на мануелно (на рамно/ на нагиб?!) брзина, време.... конфузија... нејсе, тргнав... секако преамбициозно... и се подгледнувам во тугите траки... резил... добро е, дечкото (со маратонот) се тргна и се насадија 1 Индијки , 2-3 Норвежанки (крупни ко мене)сироти трчаат ко луди ,.... едната другарка на „дечкото“ трча исфрустрирано .... јас сум над ситуацијата, само брзо одење...демек не сум тука за слабеење само за фитнес ;)))))и ... никако потење...ради шминката....И така едно пола саат отепав на брзото одење... „Децата“ околу дигаат тежини, напраени Викинзи во правата смисла на зборот ... ништо за инспирација :(
На пилатес, друга мака... сите прибираат со нив постилка, едни ко тули и ластици... ох мајкоооо, што ќе се случува тука ?! нејсе, се охрабрив, нема ништо специјално ново... само една мана, единствена што прави паузи и не ги довршува сите вежби :(((( very sad face...
И така веќе скоро цела недела :))))) Good for me!...

.jpg)
peer znaesh site pocetoci na fitness kako ni izgledaat megutoa ke zabelezam deka sepak e podobro baven start za da ne ostane samo na START!i toa ni se slucuvalo...znaesh deka cesto zaboluvame od muskulitis..mene pocna i peshacenjeto da mi pretstavuva problem...se vadam na bozem shinatata noga!GO FOR IT!
ReplyDelete